Гром удри во камп во Грција каде што летувале 33 деца од Македонија - еден повреден
Гром удри во камп во Грција каде што летувале 33 деца од Македонија, преку сноуборд клубот "Полар". При ударот на громот, потешко е повреден тренерот Дино Хоџиќ, кој во моментов е на лекување во болница во Солун, пишува Вест.
Според весникот, ниту едно од децата не е повредено, но вчера рано утрото, веднаш биле вратени дома, бидејќи биле во шок и многу исплашени. Децата, на возраст од 9 до 13 години, преку клубот "Полар" во средата заминале на летување во туристич киот место Вурвуру, Грција каде што требало да престојуваат до четврток. Во неделата напладне, додека биле на пла- жа, од ведро небо удрил гром, од кој дирекно бил погоден тренерот. Според известувањето објавено на веб сајтот на клубот, децата веднаш биле однесени на лекарски прегледи, а тренерот Дино Хоџиќ, кој бил потешко повреден, морал да биде пренесен во болница во Солун. По извршените прегледи било констатирано дека ниту едно од децата не е повредено, но бидејќи биле исплашени, биле вратени во Скопје. Родителите со кои вчера контактиравме се задоволни од грижата на тренерите кон децата и како се справиле со ситуацијата.
"Децата биле цело време под надзор, немало паника, иако тренерот паднал од ударот пред нивните очи. Веднаш бил организиран преглед за сите. Ние навремено бевме известени. Ни кажаа дека ќе биде организиран автобус и децата вчераутро безбедно беа вратени дома", велат родителите на децата што биле во кампот
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа