Италијански компании заинтересирани за инвестирање во Македонија
Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф е во официјална посета на Сицилија, Италија. Тој во рамки на посетата, на бизнис форум ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија пред високи претставници на големи италијански компании.
Наумоф во Палермо имаше и официјални средби со сопственици на компании од Сицилија, но и од другите региони на Италија на кои компаниите покажаа голем интерес за инвестирање во земјава, а многу од потенцијалните италијански инвеститори беа позитивно изненадени и видно заинтересирани да дознаат повеќе за конкурентната бизнис клима во Македонија. Некои од нив веќе ја потврдија својата намера за индивидуални посети во јули со цел директно да се разгледаат можностите за инвестирање во Македонија.
Министерот Наумоф во Палермо се сретна и со генералниот секретар на регионалниот парламент, како и со претседателите на двете најмоќни деловни асоцијации - Стопанската комора на Сицилија и Комората на млади бизнис претприемачи на Палермо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа