Хрват се обесил покрај уништената куќа

 

Трагедија ја потресе Хрватска.  61- годишен жител, кој со денови одел во Гуња и помагал во чистењето на куќите, во понеделникот  се самоубил.

Како што пишуваат хрватските медиуми, тој во понеделник помеѓу 15 и 18 часот се обесил во дворот покрај куќата во која живеел пред поплавите. Живеел сам, неговата сопруга починала пред неколку години, а децата се отселиле.

Се уште не се знаат мотивите за самоубиството.

"Искрено сочувство до семејството и пријателите на покојниот господин. Нека почива во мир. Пред 5 дена го видов пред општината. Се поздравивме и потоа почна да плаче. Ми кажа: "Туѓите куќи одам и ги чистам, а кај себе не смеам, кај мене веќе се е зелено". Беше разочаран, тажен, очаен", напишала на Фејсбук една жителка на Гуња.

 

 

18.06.2014 - 09:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега