Подземен катастар за општините од Источниот регион

 

Општините од источниот плански регион ја продолжуваат активноста од проектот за воспоставување на ГИС системот, подземен катастар. Овој проект се реализира во соработка со Република Словенија.

- Првата фаза од проектот веќе ја завршивме, а сега  со втората фаза од ќе го подготвиме подземниот катастар. Во планираните финансиски средства за реализација на овој мошне значаен проект за општините од истокот кој ќе изнесува меѓу 450 до 500 илјади евра, очекуваме грант од околу 70  проценти од Владата на Република Словенија, изјави Тони Тоневски, претседател на Источниот плански регион.

Во овој проект општините ќе земат сопствено учество  со финансиски средства.

18.06.2014 - 11:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега