Свети Николе: Му го продал камионот на брат му за 6.000 денари

Вработен во АД Џумајлија си заработи кривична пријава за злоупотреба на службената положба. Се работи за 51-годишниот З.Д. шест години постариот С.Д. од Свети Николе. Во текот на 2010 година, З.Д. како одговорно лице на АД „Џумајлија“-Лозово извршил продажба на две товарни возила на здружението на ловци „Црн Вук“ од Лозово, чиј сосопственик е неговиот брат С.Д. за вкупен износ од 6.000 денари.

Од друга страна, С.Д. во текот на 2013 година како овластено лице на здружениоето на ловци „Црн Вук“ иако знаел дека со води судска постапка за возилата, измамил лице од Липково  продавајќи му ги двете товарни возила за вкупен износ од 5.400 евра, а притоа искористувајќи ја својата службена положба со купувачите се договорил на сметката на здружението да бидат уплатени само 1.400 евра, додека 4.000 евра ги земал за себе. 

18.06.2014 - 11:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега