Регулаторна бара возач - плата 28.000 денари

 

Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија преку оглас бара возач.

1. Возач, економ и курир во сектор за административни, финансиски и општи работи:
- IV степен средна стручна спрема;
- да поседува возачка дозвола од Б категорија;
- работно искуство, најмалку 3 години;
- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08.00-16.00),
- основна плата за работното место - 27.804 денари.

Заинтересираните кандидати за горенаведеното работно место треба да ги достават потребните документи со кои се докажува исполнувањето на бараните услови, како и биографија, до Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр.2/4 - Скопје, во рок од 5 работни дена од денот на објавувањето на овој оглас.

Изборот на кандидат по овој оглас ќе биде извршен по денот на завршување на огласот.

18.06.2014 - 12:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега