Од 23-ти месецов почнува безрежимниот транзитен превоз на стока со Полска

 

Макеоднија и Полска договорија билатералниот и транзитен превоз на стока да се одвива без режим на дозволи од 23-ти месецов, кога стапуваат во сила  измените на Спогодбата за меѓународен патен транспорт помеѓу владите на двете джави.

Со Спогодбата е договорено од 23 јуни годинава да се укинат 3.000 билатерално транзитни дозволи за превоз на стока за сите видови возила и 1.000 билатерално транзитни дозволи за превоз на стока за возила со минимум еуро 2 стандард. Вкупно се укинуваат 4.000 билатерално транзитни дозволи.  

- Договорената либерализација на билатералниот и транзитниот превоз на стока со Полска е од огромно значење за македонските превозници, имајќи го предвид фактот дека моментно Македонија има либерален билатерален и транзитен превоз на стока и со Чешката Република, Словачка, Унгарија, Србија, Бугарија, Албанија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грција, Латвија и други земји, со што се овозможува непречена достапност до европските пазари за македонските превозници, соопшти Министерството за транспорт и врски.

18.06.2014 - 15:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега