Трагедија во Кавадарци: Момче се фрли од поткровјето на својот дом

Младо момче се фрлило од поткровје  денес во Кавадарци и починало. Портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска потврди дека има таков настан во Кавадарци но дека повеќе детали не можат да се кажат засега оти полициска екипа била на увид на лице место, јавува Дневник.

Од службата за итна медицинска помош при здравствениот дом во Кавадарци пак ни кажаа дека момчето родено 1979 година се фрлило од поткровјето на сопствениот дом близу центарот на градот. Кога тие отишле на самото место, момчето не покажувало знаци на живот. Се обиделе да го реанимираат на самото место и во кавадаречката општа болница, но без успех, момчето починало. 

Телото било предадено за обдукција за да се видат вистинските причини за смртта

18.06.2014 - 21:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега