Другарите му чувале стража додека крадел - охриѓанец се збогати за 120.000 денари
24-годишниот С.А. 18-годишниот К.Д. од Охрид и 37-годишниот Н.М. од Лешани-Дебарца, си заработија кривична пријава за тешка кражба.
Според податоците од полицијата, С.А. со употреба на сила влегол во четири станови лоцирани на улицата „Даме Груев“ и „Сирма Војвода“ во Охрид, од каде одзел златен накит и 4.750 денари со што се стекнал со противправна имотна корист од 120.000 денари, додека К.Д. и Н.М. за тоа време чувале стража пред зградите.
20.06.2014 - 12:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа