Радовиш: Го претворил домот во магацин за оружје
Радовишанец дома криел цел арсенал оружје. 50-годишниот Ж.К. од радовишко во својот дом чувал бојна пушка „манлихер“, два револвери, пиштол „викторија“ кал. 6,35 мм., две рачни бомби, цевка со сандак, затворач и механизам за окинување од пушка, 253 парчиња различен калибар, нож за пушка М-48 со ножница, реденик за митралез, две кутии барут со вкупна маса од околу 850 грама, шест цевки од пушки, буренце од револвер, шест кундаци за карабин и пушка, две воздушни пушки непозната марка, сабја со футрола и поголем број делови од оружје.
За делото кое го направил ќе си заработи соодветна кривична пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа