Опустошен стан во Козле - среде бел ден украдени половина милион денари

 

Во текот на вчерашниот ден, на улицата „Јуриј Гагарин“ во Скопје, засега непознат крадец влегол во станот на скопјанецот Е.М.В. и комплетно го опустошил.

Крадецот си земал парични и девизни средства, банковна картичка, златен накит, два преносни компјутери и ајпод, причинувајќи вкупна материјална штета од 500.000 денари. Од МВР информираат дека преземаат мерки за откривање на сторителот.

 

најчитано сега