Страотна сообраќајка во Тетово - петгодишно детенце заврши на скопските Клиники
Уште една страотна сообраќајка во Македонија. Петгодишно девојче од Тетово се здобило со скршеница на потколеницата и други повреди откако на неа налетал Голф со тетовски регистарски таблички, што го управувал 45-годишниот Б.К. од Мала Речица.
Инцидентот се случил на улицата „Илинденска“ во близина на Шарената Џамија во Тетово, околу 14 часот и 10 минути, а детенцето било веднаш пренесено на скопските Клиники.
Полицијата изврши увид.
22.06.2014 - 10:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа