Мафијашка ликвидација во Гостивар: Му дошол на прозорот и почнал да пука
Шеесет и двегодишен гостиварец утрово е застрелан во неговиот автомобил на на улицата „ЈНА“ во близина на новоизградениот станбен комплекс кејот на реката Вардар.
Според првичните информации, станува збор за Ф.С. од Гостивар. Во него најверојатно е пукано од автоматско оружје околу 6 часот откако претходно со голем контејнер му било попречено движењето. Откако застанал, непознатиот испукал повеќе куршуми низ стаклото на автомобилот. Истрелите ги вознемириле жителите на околните куќи и згради кои набрзо се јавиле во полиција и јавиле за настанот.
По пријавата полициски екипи се упатиле на местото на убиството каде е пронајден автомобил „Застава 101“ во кој бил убиениот маж.
Портаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски за „Курир“ вели дека увидот е во тек, а на терен се излезени јавен обвинител, истражен судија, но се очекува да пристигне екипа и од Министерството за внатрешни работи.
Од местото на убиството подигнати се повеќе празни чаури и други траги и материјали кои ќе подлежат на понатамошно вештачење.
Јосифоски додава дека полицијата ги превзема сите мерки за пронаоѓање на сторителот или сторителите и откривање на мотивите за убиството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа