Земја членка на ЕУ му удри клоца на ММФ - „чистете се немате што да барате тука!“

 

Откако унгарскиот премиер Виктор Орбан го превзеде надзорот над централната Унгарска банка, во средината на јули годинава, на Меѓународниот монетарен фонд му порача да си ја затвори канцеларијата во Будимпешта, затоа што не постои никаква причина да го оправда своето присуство овде. Орбан има намера да го исплати долгот пред предвидениот рок за договорот кој го има со ММФ до крајот на 2014 година. Орбан без никаква двосмисленост му порача на ММФ да ја напушти земјата. 

Budapest Business Journal јавува како претседателот на унгарската влада во интервју за Magiar Radio дава изјава во која ја покрена полемиката, расправата и шпекулацијата, за намерата да ги национализира (или како што тој вели приватизира) 6 до 7 претпријатија, кои се занимаваат со комунални услуги во енергетскиот сектор, се со цел да ја намали цената на енергетиката за домаќинствата и да ја ревитализира унгарската економија, која во овој момент стагнира. Одлуката на владата на оваа земја која е членка на Европската унија да ги национализира (приватизира) странските приватни компании е најтежок удар кои можеле да го претрпат огнените поборници на неолибералниот капитализам кој сметаат дека државата не смее да биде најголемиот работотдавач, нарачател и вложувач туку исклучиво само јавен сервис на граѓаните. 

 

 

23.06.2014 - 17:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега