Крвав понеделник: Еве што се случувало на скопските улици

 

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на пет сообраќајни несреќи од кои две се со последица материјална штета, а останатите со последица телесна повреда. Со телесни повреди се здобиле еден пешак, еден велосипедист и возач на мотоцикл.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени се и санкционирани девет возачи кои не ги почитувале светлосно-сообраќајните знаци на крстосниците, четворица пешаци кои поминале на црвено светло на семафор за пешаци, тројца возачи кои погрешно се престроиле, четворица возачи кои неправилно претекнувале возила во колона пред и по крстосница, како и шест возачи кои ги паркирале возилата на пешачки премини и во зона на крстосница.

Преземени се мерки и спрема девет возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, и кои се исклучени од сообраќај.  24 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 13 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место и 19 возачи кои ги користеле своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 67 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

24.06.2014 - 09:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега