Полицијата ловеше лоши момци - тројца Скопјани зад решетки
Полицијата приведе тројца скопјани кои се барале подолго време. Во првиот случај се работи за 22-годишниот Валентино А. од Скопје, кој се барала за издржување затворска казна во траење од седум месеци, за засновање ропски однос и превоз на лица во ропски однос.
Во вториот случај СВР Скопје го лиши од слобода 47-годишниот Васко М. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од две години, за сторено кривично дело затајување, како и 22-годишниот Ангел Н. исто така од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година и шест месеци, за тешка кражба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа