Ги фатиле додека продавале дрога - дилери од Прилеп паднаа во рацете на полицијата
Дилери од Прилеп паднаа во рацете на полицијата. Во првиот случај се работи за 36-годишниот К.Ц. кој пред неколку денови на улицата „Никола Карев“ бил затенат во автомобил „голф 1“ во моментот кога продавал дрога на сограѓанин.
Потоа, полицијата од Прилеп го фатила и 32-годишниот Д.С. кој на улицата „Иво Лола Рибар“ е забележан заедно со уште три лица во патничко возило „даеву матиз“ во моментот кога им овозможувал да користат наркотична дрога на неколку лица.
24.06.2014 - 10:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа