Крадците синоќа направиле парче во Скопје
Крадците синоќа направиле парче во СКопје. На улицата „Македонско Косовска Бригада“ во куќата во сопственост на 44-годишниот А.С. засега непознат сторител влегол и одзел златен накит и мобилен телефон вредни околу 450.000 денари.
Истата вечер на улицата „Гоце Стојчевски“ во станот во сопственост на 39-годишниот С.И. непознат сторител со употреба на подесен клуч влегол и извршил претурање по дневната, кујната и спалната соба, при што одзел околу 5.000 евра, 24.000 денари и разновиден златен накит со што причинил материјална штета од околу 400.000 денари.
Исто така синоќа биле ограбени и бензинска пумпа и тобако во СКопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа