Стивен Сигал ќе одржи концерт во Белград

 

Ѕвездата на акционите филмови и блуз музичарот Стивен Сигал во вторник вечер ќе одржи концерт во Сава центар во Белград со неговиот блуз бенд, во рамки на неговата европска турнеја.

Концертот е со почеток во 20 часот, а како предгрупа ќе настапи српската група Texas flood, која ја побарал лично менаџерот на Сигал, соопшти Комбанк арена, објави белградската телевизија Б92.

24.06.2014 - 16:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега