Вечера за рамен стомак: Салата од краставици и тиквички
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 3 млади тиквички
* 2 мали краставици
* малку магдонос
* сол, бибер, оцет, масло
ПОДГОТОВКА:
Тиквичките излупете ги и исчистете ги од семките. Исечете ги на кришки и варете го 10 минути во солена вода. Исцедете ги и ставете ги во чинија за салата. Откако ќе се изладат додадете ги краставиците исечени на кругчиња, исецканиот магдонос, сол, бибер и оцет по вкус. Додадете масло и измешајте. По желба, можете да додадете и сирење.
24.06.2014 - 18:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа