Голем пожар во Тетово: Од семејната куќа остана пепел

 

Во пожар што избувнал во 17 часот и 45 минути целосно изгоре куќата на Џ.Т.(33) на улицата Штипска број 143 во Тетово. Во пожарот нема повредени, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Во гасењето интервенирала тетовската територијална противпожарна единица и за околу еден час огнот бил ставен под контрола, но претходно  целосно била опожарена куќата и покуќнината поради што е причинета голема материјална штета.  Од увидот на стручните екипи треба да се утврди причината за овој пожар и висината на материјалната штета, рече Јосифовски.

24.06.2014 - 20:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега