Крадците направиле парче во Скопје - ограбена бензинска, киоск, два стана
Завчераноќ во Скопје се нападнати и ограбени бензинска пумпа и киоск, а биле ограбени и дава стана, од каде што крадците одзеле голема количина златен накит и пари.
Разбојништвото во бензинската пумпа "Арена петрол", кој се наоѓа на булеварот Македонско-косовска бригада во Скопје, го извршиле две маскирани и вооружени лица. Тие од двајцата вработени, заканувајќи им се со оружје, одзеле 75.000 денари и избегале.
Разбојништво имало и во киоскот "Екстра кофи тобако", на улицата Филип Втори, при што со закана со пиштол маскирано лице од вработената во киоскот одзело околу 5.000 денари.
Покрај разбојништвото во бензинската пумпа на булеварот Македонско-косовска бригада во Скопје, била извршена и тешка кражба во куќа, сопственост на А.С. (44),од каде што биле украдени разновиден златен накит и мобилен телефон, во вкупна вредност од околу 450.000 денари
Слична кражба била извршена и во стан на улицата Гоце Стојчевски, сопственост на С.И. (39), од каде што биле украдени околу 5.000 евра, 24.000 денари и разновиден златен накит, сe во вкупна вредност од 400.000 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа