МНР на Србија: Косово не е повикано во Охрид бидејќи не е држава

 

Косово не е повикано на охридскиот самит бидејќи Србија и уште две држави членки на ПСЈЕ ставија забелешка заснована на статутот на Самитот, кој предвидува дека можат да учествуваат само суверени и признати земји, а Косово тоа не е, изјавија денеска за „Танјуг" од Министерството за надворешни работи во Белград.

Од министерството нагласиле дека основаната забелешка на Србија се базира на статутот на оваа регионална иницијатива, според која фунционира регионалната соработка во Југоисточна Европа, а на основа дека на Самитот можат да учествуваат само земји кои имаат формат и структура на суверена и призната држава.

Со ова се разјаснуваат шпекулациите во јавноста зошто Косово не зеде учество на Самитот во Охрид.

најчитано сега