Дечко од Скопје збесна сред улица поради пишана казна
Млад скопјанец збеснал бидејќи полицаец решил да го казни за сторен прекршок во сообраќајот.
Според информациите од МВР, полициски службеник утринава, на улицата „Јужен Булевар“ сопрел автомобил „Голф“ со скопски регистрации, зад чиј волан бил 25 годишниот скопјанец Н.П. Полицаецот утврдил дека скопјанецот направил прекршок и решил да го казни, но Н.П. и неговиот 24 годишен другар П.С. збеснале и почнале да го навредуваат и да му се закануваат. Полицаecot ги предупредил да престанат со навредите, но тие продолжиле се додека не биле приведени во полициска станица.
МВР најавува соодветни пријави за скопјаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа