Стејт Департмент: Владата се меша во судството и медиумите и се пресметува со политичките неистомисленици

Владата влијае врз судството и се меша во работата на медиумите. Американскиот Стеј Департмент во извештајот за човековите права објавен попладнево и забележува на македонската влада и за пресметка со политичките неистомисленици, јавува Гласот на Америка на македонски јазик.

“Најкритичен проблем со човековите права е владиниот неуспех целосно да го почитува владеењето на правото, што се одразува во нејзиниот неуспех да ги следи парламентарните процедури, мешањето во судството и медиумите, селективното гонење на политичките противници на лидерите во државата, како и значителните нивоа на владина корупција и полициска неказнивост“, стои во резимето на делот посветен на Македонија, во попладнево објавениот глобален извештај.

Во извештајот се забележува и за дискриминацијата на Ромите, лошите услови во затворите и прекумерната употреба на полициска слика.  Официјален Вашингтон наведува дека фаворитизмот, неефикасноста и корупцијата го забавиле процесот на делење на правдата.  Американската влада оценува и дека напнатоста меѓу заедниците на етничките Македонци и Албанци, исто како и општествената дискриминација кон Ромите, раѓаат дополнителна загриженост во однос на човековите права. 

 „Иако оценува дека владата презела извесни мерки да ги казни полицајците виновни за прекумерна употреба на сила и да го зајакне одделот задолжен за внатрешна контрола, Стејт департментот заклучува дека полициската неказнивост и натаму е проблем.  Згора на тоа, американскиот извештај содржи и став дека постојат веродостојни докази дека владата се мешала во случаи од висок профил што се однесуваат на злоупотреба на функцијата, за да изврши притисок врз официјални лица или членови на партија, или пак за да заплаши клучни опозициони лидери. 
Во резимето Македонија се дефинира како парламентарна демократија, а за последните парламентарни избори во јуни 2011-та, наведена е оценката на ОБСЕ дека биле транспарентни и добро организирани, иако одредени нивни аспекти налагале внимание“ - пишува Гласот на Америка на македонски јазик