Проверете дали утре ќе останете без вода

 

Без вода утре од 9 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Салвадор Аљенде“, „Славејко Арсов“ и високата зона Пржино.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради поврзување цевка со дијаметар од 100 на 200 милиметри на улицата „Салвадор Аљенде“ бб. Прекинот ќе биде се до завршување на работите.

26.06.2014 - 15:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега