Дебар: Влегле преку незаклучена врата - си заминале богати
Крадците дефинитивно не запираат. Непознати сторители синоќа околу 22 часот извршиле тешка кражба во куќа лоцирана на улицата „15 корпус“ во населбата Ново Коњаре во Дебар, во моментот кога сопствениците не биле дома.
Крадците влегле во куќата преку влезната врата која била отклучена по што ги пребарале собите. Наишле на заклучена врата од дневната соба, насилно ја отвориле и според тврдењето на сопственикот на куќата украле 8.510 американски долари и 7.000 денари.
Ова е прва тешка кражба на подрачјето кое го покрива Полициската станица Дебар по подолг временски период.
26.06.2014 - 16:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа