Уживање за мажите: Почнува „Фудбалодром“ во скопски Аеродром

Утре, покрај кејот на Вардар зад ТЦ „Три бисери“ на отворен простор, на кој ќе биде поставен голем екран, почнува спектакуларното фудбалско доживување „Фудбалодром“ на кое фудбалските фанови ќе бидат дел одуживање во најдобриот фудбал на голем екран и во друштво на стотици фудбалски фанови.

Покрај големиот екран и одличната атмосфера, „Фудбалодром“ ќе биде проследен и со низа други активности: турнири во „плејстејшн“, турнири во рачни фудбалчиња, натпревари во прецизно шутирање, натпревари во „човечки фудбал“ (human football), детско фудбалско катче, друштво со познати македонски фудбалски ѕвезди, настапи на локални бендови и ДЏ-и, пиво и скара.

Повеќе информации за „Фудбалодром“ може да се добијат на фејсбук страницата: www.facebook.com/fudbalodrom.

 

27.06.2014 - 09:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега