Mногу врева за „Гола месечина“

На десетневната дружба под отворено небо со претставите од Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ полека ѝ се ближи крајот.  Големата посетеност на фестивалот и инволвираноста на публиката во дејството на претставите уште еднаш покажаа дека луѓето се гладни за уметност, за театар.

Како и секое друго свечено затворање на културна манифестација, така и ова, на 30.6.2014 година, понеделник од 21:00 часот ќе биде проследено со многу врева, но овојпат со премиерата на претставата „Многу врева за ништо“ во изведба на актерите од Театар Комедија.

Исто така, во понеделник ќе бидат доделени и наградите за најдобра режија, најдобра женска и машка улога и гран при за најдобра претстава.

 

27.06.2014 - 10:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега