Скопје: Преку балкон успеал да украде половина милион денари
Засега непознато лице ноќта меѓу 24. и 25. јуни извршил тешка кражба во куќа лоцирана на улицата „Андон Папрадички“ во Скопје.
Тој се прекачил преку балконот и успеал да влезе во куќата на 49 годишниот С.Љ.. Тој ја пребарал куќата и успеал да украде златен накит и околу 13.000 денари.
Арамијата се збогатил за 500.000 денари.
Полицијата работи на откривање на сторителот.
27.06.2014 - 11:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа