(ФОТО) Скопјанец фатен на дело: Во приколка му нашле 22 мигранти од цел свет
47 годишниот скопјанец Д.И. си заработи кривична пријава откако полицијата го фатила на дело како криумчари мигранти.
Вчера рано наутро, полициски службеници стопирале камион „Форд транзит“ со струшки регистрации зад чиј волан бил Д.И. Во камионот биле пронајдени 22 илегални мигранти кои нелегално влегле во Македонија. Во камионот биле пронајдени четворица државјани на Сомалија, четворица државјани на Коморе, шестмина државјани на Сирија, тројца државјани на Авганистан, по две лица државјани на Бангладеш и на Брегот на Слоновата Коска, како и едно лице државјанин на Египет. Откриените лица илегални мигранти биле на возраст 17 до 40 години а меѓу нив имало и две жени.
Возачот на камионот објаснил дека околу 1 часот ноќта, по претходно добиени насоки од негов пријател, а за надомест од 500 евра се упатил камионот по автопатот од граничниот премин „Богородица“ за Скопје и во непосредна близина на бензиската пумпа на „Макпетрол“, до казиното „Принцес“ застанал со возилото и во него ги качил 22 илегални мигранти.
Мигрантите, пак, изјавиле дека пеш илегално ја поминале државната граница од Грција во Македонија во близина на полициската станица за преминот „Богородица“, со помош на засега непознат државјанин на Пакистан и потоа се упатиле до местото од каде требало Д.И. да ги собере со камион. Д.И. се упатил со возилото кон Скопје и планот бил мигрантите од Македонија преку Србија да продолжат во европските земји.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа