Норвешка планира петгодишен пакет помош за Украина од 7,3 милијарди долари
Норвешката Влада соопшти дека планира петгодишен пакет помош за Украина во вредност од 75 милијарди круни (7,3 милијарди долари), како и дополнителна помош за другите земји погодени од конфликтот.
- Предлагаме Норвешка да даде обврзувачки и траен придонес за Украина. Предлагаме 15 милијарди круни годишно да ѝ се даваат на Украина за пет години, или 75 милијарди круни, изјави премиерот Јонас Гар Сторе.
Пакетот годинава се очекува да биде за хуманитарна и за воена помош за Украина.
Конечниот износ на пакетот, сепак, може да биде променет од Парламентот, каде што Владата на левиот центар нема мнозинство и се потпира на поддршката од другите партии за усвојување закони.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа