Нов корона симптом: Крварење од носот пријавуваат голем број пациенти
Во последно време, крварењето од носот многу често се споменува како симптом на болеста.
Засега нема научни докази дека крварењето од носот е знак за ковид-19. Меѓутоа, веќе е познато дека информациите за оваа болест пристигнуваат нон-стоп, пишуваат на веб-страницата на Health.
Затоа, не треба да изненадува ако овој проблем наскоро се најде на листата на индикатори за болеста, како што се случи со други симптоми кои со текот на времето беа додадени на таа листа затоа што расте бројот на пациентите што пријавуваат вакви проблеми.
Што предизвикува крварење од носот?
Крварењето од носот е губење крв од ткивата што ја обложуваат внатрешноста на носот. Има многу крвни садови во носот во близина на површината, во носната слузница, што го олеснува крварењето. Крварењето од носот не е ништо невообичаено бидејќи бројките покажуваат дека до 60 отсто од луѓето имаат барем едно крварење од носот во текот на животот, велат податоците од клиниката во Кливленд.
А причините за тоа се многубројни. Тука спаѓаат инфекција на горниот респираторен тракт и синуситис, силно дување на носот, туркање туѓ предмет во носот, повреда на носот или лицето, алергии, разредувачи на крв, прекумерна употреба на спреј за нос или злоупотреба на дрога.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа