Нов ужас во Сиднеј: Избоден бискуп за време на богослужба

 


Откако пред еден ден имаше голем напад во трговски центар во Сиднеј во кој загинаа неколку лица а голем број беа ранети, сега повторно сличен напад со нож имало во црква додека бискуп водел богослужба.

Најмалку четири лица се повредени во нападот со нож во црква во западниот дел на Сиднеј.

Нападот се случил додека епископот водел богослужба, која била емитувана на интернет.

На местото на настанот излегле неколку екипи на полицијата и итната помош.

Меѓу повредените има четворица мажи за кои се претпоставува дека се на возраст од 60, 50, 30 и 20 години. Меѓу ранетите е и бискупот.

15.04.2024 - 13:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега