Нова студија: Вакцините на Фајзер и на Модерна штитат од новите мутации на коронавирусот
Новите лабораториски студии покажуваат дека вакцините на Фајзер/Бионтех и на Модерна штитат од нови мутации на коронавирусот, јави Си-Ен-Ен.
Резултатите од студијата објавена во „New England Journal of Medicine“ откриваат дека вакцината на Фајзер за коронавирусот може да ги заштити луѓето од новите мутации на коронавирусот, вклучувајќи ја и јужноафриканската B.1.351.
Студијата е спроведена од истражувачи од Фајзер и Универзитетот во Тексас. Тие тестираа некои од мутациите со примероци на крв од 15 лица кои примиле две дози на вакцина како дел од клиничко испитување.
Вакцината обезбедува помалку неутрализирачки антитела, но доволно за справување со вирусот, напишаа авторите во писмо до списанието. Ова е во согласност со други студии. Иако тие не знаат точно какво ниво на заштита обезбедува вакцината, тие веруваат дека ќе обезбеди релативно добра заштита од новата варијанта.
Во анализите не е откриено намалена ефективност на вакцината против британската мутација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа