Нови детли: За животот на Балашевиќ лекарите се бореле повеќе од 2 часа - состојбата денеска му се влошила

 

Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина денеска на 67-годишна возраст. Да потсетиме, Балашевиќ пред три дена бил примен на инфективната клиника на Клиничкиот центар во Војводина во Нови Сад. Како што неофицијално информираат српските медиуми имал Ковид 19 и бил во лоша состојба.

Лекарите ги преземале сите неопходни мерки за лекување, но до подобрување не доаѓало.

Денеска попладне состојбата дополнително му се влошила пореди хроничните заболувања.

Лекарите на инфективната клиника скоро два ипол часа се обидувале да го вратат во живот, но за жал нивните напори биле залудни затоа што починал само три месеци пред 68. роденден.

Балашевиќ во ноември 2019 година доживеал инфаркт, поради што му биле вградени стентови. Поради тоа морал да ги одложи најавените концерти.

Балашевиќ е роден на 11. мај во 1953 година во Нови Сад. Бил член на групата „Жетва“ и „Рани мраз“, а во 1982 година започнал соло кариера и станал еден од најсаканите пејачи и нактавтори во земјите на поранешна Југославија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2021 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега