Нови построги мерки на хрватското крајбрежје на Јадранот

На Јадранот ќе бидат воведени нови построги мерки, којшто како што пишува загребскиот портал Индекс.хр, се воведуваат не само за четири далматински жупании, туку и за целиот хрватски брег на Јадранот.

Новите мерки ќе бидат воведени пред сѐ поради спречување масовни собирања со оглед на тоа што најголемиот број новозаразени се од вакви собири. Како што објави Индекс, максималниот број на лица кои ќе можат да се соберат на едно место без корона потврди ќе биде 50 наместо досегашните 100.

Со новиот режим, хрватскиот Кризен штаб сака да спречи ризични собири, поради загриженоста за ситуацијата во Далмација, каде што инциденцата е поголема отколку во остатокот од Хрватска, а вакцинацијата е мала во споредба со остатокот од земјата. Јадранска Хрватска е обоена во портокалова боја и на вчерашната нова мапа на ECDC, токму поради епидемиолошката состојба во неколку далматински жупании.

23.07.2021 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега