Новиот потег на Кина може да биде тежок удар за Русија
Кинеските државни банки ги заоструваат ограничувањата за финансирање на руските клиенти бидејќи стравуваат дека ќе бидат предмет на секундарни американски санкции, пишува „Блумберг“. Најмалку две банки наредија преглед на нивните планови за Русија во последните недели и планираат да ги прекинат врските со клиентите на списокот со санкции на САД. Банките исто така ќе престанат да даваат финансиски услуги за рускиот воен сектор, изјавија извори за „Блумберг“.
Овој потег доаѓа откако американското Министерство за финансии минатиот месец објави дека ќе воведе секундарни санкции за странски финансиски фирми и банки што ѝ помагаат на Москва.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го опиша ова прашање како многу чувствителна работа за вклучените компании, но не и за руската влада.
„Ова е многу, многу чувствително прашање и малку е веројатно дека некој ќе одлучи да разговара за тоа – не треба да го очекувате тоа“, рече Песков. „Продолжуваме да ги развиваме односите со Кина. Таа е наш многу важен стратешки партнер“, додаде тој.
Кина исто така е најголемиот увозник на фосилни горива од Русија, со повеќе од двојно зголемени резерви на јаглен од 2020 година.
Повлекувањето на банките може да биде болен удар за Русија и Кремљ, особено затоа што наводниот страв на Пекинг од западните санкции ќе сигнализира дека дури и лидерите што бостанаа блиски со Москва се претпазливи за финансиските трошоци за поддршката на Москва.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа