Новогодишна приказна за татко и ќерка, од неа ќе извлечете важна поука

 

Некогаш еден човек ја искарал својата тригодишна ќеркичка затоа што таа потрошила ролна златна украсна хартија.

Времињата биле кризни и тој збеснал кога детето се обидело да украси кутија којашто сакало да ја стави под Новогодишната елка. И покрај се’, следното утро девојчето му го донело подарокот  и рекло:

„Ова е за тебе, татенце.“

Тој се засрамил поради својата претерана реакција од претходниот ден, но кога ја отворил кутијата и на негово изненадување видел дека е празна, повторно збеснал. И се развикал:

„Зарем не знаеш дека кога на некого му даваш подарок, во кутијата треба и да има нешто?!“

Девојчето го погледнало со солзи во очите и рекло:

„О, тато, но не е празна. Јас издував бакнежи во кутијата. Сите се за тебе, татенце.“

Таткото бил скршен. Го прегрнал своето девојче и ја молел за прошка. Се вели дека човекот со години ја чувал златната кутија крај својот кревет и секогаш кога ќе се почувствувал обесхрабрен, ќе извадел еден замислен бакнеж и ќе се присетил на љубовта на детето што ги ставило бакнежите внатре.

И во вистинска смисла на зборот, на сите нас како на луѓе ни е дадена по една златна кутија со безусловна љубов и бакнежи од страна на нашите деца, пријатели, семејство и од Бога.

Човек никогаш нема да поседува ништо повредно од тоа.

20.12.2023 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега