Обичај кој треба да се испочитува на Петровден - важно е да се јадат јаболки за мир меѓу луѓето, но на овој начин

 

Кај народот Петровден, кој се паѓа на 12 јули, се смета за многу тежок празник. Според христијанското учење, овој празник спаѓа меѓу петнаесетте најголеми празници и се слави како празник на Светите апостоли Петар и Павле.

Светиот апостол Петар потекнувал од рибарско семејство и еднаш кога ловеле риби на езерото ги видел Исус и ги повикал по што Петар заедно со брат му Андреј го напуштиле рибарскиот занает и му се придружиле. Токму поради тоа Петровден се смета и за празник на рибарите.

На иконата светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената с мрт. И двајцата држат отворени книги. На празникот му претходи Петровденскиот пост чија должина зависи од празникот Велигден.

Имено, овој пост, е еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината, започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден така и Петровденскиот пост трае различно.

Во некои македонски предели, празникот го одбележувале само до пладне, а потоа работеле, бидејќи се паѓал во периодот кога интензивно се жнеело житото. Според верувањата, дури и Свети Петар на тој ден работел, земал срп и жнеел, и во претставите на луѓето Свети Петар бил со срп на рамото, а според тоа бил и заштитник на жетварите.

Bo селата од Мијачијата, особено во селото Галичник, според Марко Китевски, овој ден се сметал за голем празник и сите печалбари гледале да си бидат вратени најдоцна до тој ден, затоа што тогаш, на Петровден, ги правеле сите свадби во селото.

Се случувало во еден ден да има и по педесет свадби.

Постои верување дека на овој ден свети Петар дели јаболка на децата на оној свет. Од таа причина се развиле повеќе обичаи, меѓу кои и оној дека во година пред Петровден не треба да се јадат јаболка. На Петровден се јадат јаболка, но според верувањата, не треба да се сечат со нож, туку да се измијат и пребришат, а потоа да се гризат држејќи ги директно од раката.

 

12.07.2021 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега