Обид за кражба во Зоолошка градина Скопје (ВИДЕО)

 

Скопје ЗОО денеска испрати соопштение до јавноста за настаните со кои се соочиле во изминатиот период и побараа расчистување на случаите, а приот објавија и видео на социјалните мрежи.

„По рекордната посетеност во Зоолошката градина со над 14.000 посетители, на 09.05.2022 во 00:30 часот имаше обид да се обие влезната врата од благајната. Сторителот е фатен од безбедносните камери на Зоолошката градина како во два наврати се обидува да го обие влезот на благајната, претпоставуваме со цел да направи финансиска штета.

Но, снимениот поединец останал само на обидот, затоа што како што се гледа на снимката не можел да го обие влезот на билетарата и благајната по што настаната е незначителна материјална штета. Истиот настан веднаш по случувањето уште вечерта е пријавен во полициска станица Карпош“, соопштија од Скопје ЗОО за случајот.

10.05.2022 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега