Објавени официјалните резултати од обдукцијата на телото на Матеј Периш: Пронајдени се траги од амфетамин, кокаин, алкохол
Вишото јавно обвинителство во Белград, утврдило дека нема основано сомнение дека смртта на хрватскиот државјанин Матеј Периш (27) е последица на извршување на кривично дело, имајќи ги предвид сите околности од неговото исчезнување ноќта меѓу 30 и 31 декември 2021 година, извршени проверки, до пронаоѓање на неговото тело на 18 мај во реката Дунав кај Ада Хуја.
„Телото е пронајдено во фаза на постмортални промени. Околностите кои претходеа на исчезнувањето на Матеј Периш, изјава на лица кои пред исчезнувањето биле во негово друштво, со извршена проверка и обдукциски наод, не докажуваат дека неговата смрт е поврзана со било кој вид на насилство“, соопштило Обвинителството.
Имено, обдукцијата која по налог на вишото јавно обвинителство во Белград ја направил Институтот за судска медицина, констатирано било дека на телото на Матеј Периш нема повреди на коските на главата, вратот, трупот, пренесува српски „Блиц“.
„Резултатите од токсиколошките анализи покажаа присуство на токсична концентрација на амфетамин во крвта и организмот, со присуство на етил алкохол. Исто така во примерокот од косата идентификуван е и кокаин и бензоилекгонин во трагите“, соопштило Обвинителството наведувајќи дека комисиското вештачење го направиле тројца вештаци, лекари од специјалната судска медицина.
„Да потсетиме дека припадници на Министерството за внатрешни работи во Србија од моментот на пријавување на исчезнувањето на Периш, интензивно трагаа по него и ги презедоа сите мерки и акции во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград за да го пронајдат Матеј Периш и да ги расветлат сите околности од неговото исчезнување.
За пронаоѓањето на Матеј Периш беа ангажирани припадници од полициската управа на град Белград, нуркачки екипи, управата на криминалистичка полиција, како и сите полициски станици на територијата на град Белград“, соопштило Обвинителството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа