Објавени составите на Македонија и Германија

И Македонија и Германија ги објавија фудбалерите кои вечерва ќе истрчаат на Националната арена Тодор Проески.

Пред голот на македонската страна ќе застане Столе Димитриевски. Во одбраната ќе играат Алиоски, Муслиу, Велковски и Ристовски. Во средината на теренот ќе застанат Костадинов, Николов и Адеми, а во нападот ќе бидат Елмас, Јаховиќ и Чурлинов.

Кај Германците, пак, на голот ќе застане Ноер. Во одбраната ќе бидат Раум, Керер, Зуле, Клостерман. Во средината на теренот се Горецка, Кимих, Хавертз, Милер и Гнабри, а осамен во нападот ќе остане Вернер.

11.10.2021 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа