Обновено: Министерот Бојан Маричиќ не бил во едно од возилата што се судрија во Скопје

 

Екипа на Прес24 од терен дознава дека министерот за правда, Бојан Маричиќ е дел од сообраќајната несреќа која предмалку се случи во Скопје. На раскрсницата кај Влада пред малку се судрија три возила. Моментално има застој на булевар Илинденска во правец кон Центар. Едно од возилата припаѓа на Службата за општи и заеднички работи. 

Имено, министерот за правда не го возел автомобилот, туку истиот бил управуван од возач. 

На терен се возила на Итната медицинска помош.

Повеќе информации се чекаат во текот на вечерта. 

Обновено: Од Владата, после напишата вест информираа дека министерот за правда, Бојан Маричиќ не бил во автомобилите кои се судрија во Скопје. Целиот текст може да го прочитате овде.

https://press24.mk/vlada-bojan-marichikj-ne-bil-vo-vozilata-koi-bile-del-od-soobrakjajkata

07.02.2022 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега