Обвинителството до српските пратеници: Смирете се

 

Врховното јавно обвинителство (ВЈО) на Србија ги осуди денешните инциденти во српското Собрание и ги предупреди пратениците дека имунитетот од кривично гонење за изразување мислење или гласање при вршење на пратеничката функција не ги штити од кривично гонење за сторени кривични дела во согласност со Уставот и законите на Србија.

Обвинителството преку соопштение повика на „итно смирување на ситуацијата“ во Собранието на Србија и воздржување од „секакво дејство што може да ја загрози безбедноста, телото или животот на секој кој работи во просториите на Народното собрание, особено на пратениците“.

Врховното јавно обвинителство најостро го осудува секое однесување кое ја загрозува физичката безбедност на пратениците, ги повредува или ги загрозува нивните животи, без разлика од кого доаѓа таквото однесување, вклучително и од самите пратеници“, се додава во соопштението.

Седницата на Собранието на Србија, на чиј дневен ред, меѓу другото, се измените на Законот за високо образование, предлог-законот за станбени кредити за млади и гласање за разрешување на претседателката на Собранието, Ана Брбабиќ, во еден момент беше прекината откако пратениците од опозицијата активираа пиротехнички средства во собраниската сала.

04.03.2025 - 19:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега