Обвинителството потврди: Голема акција против припадници на затворската полиција
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја потврди акцијата против поранешен директор и припадници на затворската полиција, но оттаму барем засега нема повеќе детали.
-Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР извршуваат претреси на локации во Скопје, велат од ОЈОГОКК.
Подетални информации за акцијата се очекуваат во текот на денот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа