Од 1 јуни ќе има венчавки во „Порта Македонија“

 

Постигнат е договор за користење на свечената сала во објектот Порта Македонија, со цел организирање на церемонии на венчавање и вршење на соодветните услуги за запишување на брак во матичните книги.

Според договорот, Управата за водење на матични книги ќе има право да ја користи просторијата во деновите четврток, петок, сабота и недела, во термин од 14:00 до 17:30 часот, за реализација на службени венчавки.

Соработката помеѓу Управата и Музејот на македонската борба стапува во сила од 1 јуни 2025 година и ќе трае до 31 декември 2025 година, со можност за продолжување по взаемна согласност на страните.

„Ова претставува значаен чекор кон унапредување на квалитетот на услугите за граѓаните, овозможувајќи им да го реализираат чинот на венчавање во посебен, достоинствен и незаборавен амбиент – во срцето на Скопје“, велат од Управата

29.05.2025 - 18:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега