Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 % во однос на одлуката од 7.6.2024 година. 

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се променија. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалија за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,734 ден/кг и сега ќе изнесува 42,475 ден/кг.

Од 11.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 80,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 82,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 42,475 (денари/килограм)

11.06.2024 - 10:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа