Од техно до тапани, Тоше Проески и Халид Муслимовиќ – луда журка со Салвадор Ганачи на „Охрид колинг“

 

Од техно до тапани, од светски познати до Тоше Проески и Халид Муслимовиќ. Вака изгледаше журката на „Охрид колинг“ со Салвадор Ганачи, кој вторпат е во Охрид. Одличниот стејџ на организаторите „Авалон“ годинава ѝ остава на публиката впечаток дека е на еден од најдобрите светски фестивали, што би значело дека и „Охрид колинг“ е на сигурен чекор да стане таков.

Ганачи, освен што е одличен диџеј, ја фрли публиката во транс од самиот почеток и доби огромни овации кога рече: „Македонијо, дали си подготвена?! Не, Северна Македонија, туку Македонија, дали си подготвена“.

Од сцената ги прозва сите што се убави, па сите што се фукара (сиромашни), потоа наркоманите, за на крајот рака да кренат сите што се сметаат за секси накркомани – по што почна со една од своите траки „Секси наркоман“.

Еден и пол час, а немаше што не се слушна, но и немаше што не се направи од сцената и меѓу публиката. Се лудуваше и на труби, се испраќаа пораки од диџејскиот стејџ.

„…Единствено што е важно сум јас. Запамети, не е важно како ќе се идентификуваш, јас се идентификувам како најдобар. Што мислиш? Јас сум одличен. Не, јас сум сѐ уште безболен. Не, јас сум фантастично, неверојатно. Јас сум перфектно. Јас сум најдобар“, ечеше на „Охрид колинг“ и следуваше скок на сцената.

За крај се пееше „Чија си“ од Тоше Проески и „Није мене душo убило“ од Халид Муслимовиќ.

04.08.2023 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега