Од утре до петок пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните и вечерните часови

Под влијание на циклонска активност од исток следува период кога во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Особено поинтензивни процесите ќе бидат в четврток и в петок кога на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Во Скопје од утре до петок ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

 
27.08.2024 - 13:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега